Направивме мост, наместо панорамско тркало од најрасипничкиот проект Скопје 2014, истакна Шилегов

by Fokus

На местото каде беше планирано Панорамското тркало, дел од проектот Скопје 2014, од денес има пешачки мост, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“,додаде Шилегов. Мост

Поврзани новости