456
Еден хоспитализиран од 223 затруени работници е билансот од масовното труење со храна во мензата во фабриката „Леар“ во Тетово. Тие добиле стомачни болки и имале повраќање, откако јаделе во тамошната менза, по што сите се однесени во болниците во Тетово и во Гостивар за да им биде укажана лекарска помош.
Раководителите на Клиничката болница – Тетово, брзата помош и на Центарот за јавно здравје, на заедничка прес-конференција информираа во каква состојба се луѓето.
– Вкупно 183 лица побараа и добија лекарска помош. По интервенцијата на лекарите само еден човек е задржан на опсервација. Тој е во добра општа состојба и чекаме резултатите да покажат дали има потреба за понатамошно лекување – изјави Флорин Бесими.