Еден Азар објави крај на фудбалската кариера, на 32 години

by Fokus

Белгискиот фудбалер Еден Азар кој своевремено беше најдобар играч во Премиерлигата со тимот на Челси ја заврши професионалната кариера, на само 32 години.

Белгиецот го исполни својот сон, заигра за Реал Мадрид, но по четири кошмарни сезони во Мадрид реши да стави крај на фудбалот.

Азар сега официјално соопшти дека се повлекува од професионалното играње фудбал.

„Треба да се послушаш сам и да се каже доста во вистински момент. После 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, одлучив да ставам крај на мојата професионална кариера. Си го остварив својот сон, играв и се забавував на многу страни ширум светот. За време на мојата кариера имав можност да запознаам многу големи директори, тренери и соиграчи. Им благодарам на сите за големите моменти, сите ќе ми недостасувате. Сакам да им се заблагодарам и на клубовите кои ги претставував: Лил, Челси и Реал Мадрид. Благодарност и до белгиската Федерација и мојата селекција. Посебна благодарност до моето семејство, до пријателите, советниците и сите луѓе кои беа блиску до мене во добрите и лошите моменти. За крај, огромна благодарност до вас, моите фанови, вие ме следевте сите овие години и ме охрабрувавте каде и да играв. Сега е време да уживам со моите сакани и време за нови искуства. Набрзо се гледаме на терените пријатели“ – напиша Азар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Hazard (@hazardeden_10)

Поврзани новости