Познатите личности во последно време почнаа да се појавуваат почесто во јавноста, меѓу обичните луѓе, па Си-Ен-Ен истражува дали е тоа дел од некоја промотивна кампања, или пак и ним им недостига контакт со обичните луѓе.
Водителот на некогашното „Лејт најт шоу“ Дејвид Летерман можеше завчера во доцните вечерни часови е виден како купува намирници во продавница за храна Хај-Ви во Ајова. Тој беше во Ајова да ја следи трката на автомобили во која учествуваше и негов автомобил што го поседува преку неговиот тим Rahal Letterman Lanigan Racing.
Во исто време пејачката Лана Дел Реј се појави во куќа на вафли во Алабама, а неколку дена подоцна и Ед Ширан пееше караоке во бар во Нешвил што го поседува.
„Без оглед на причините за овие појавувања надвор од јавноста, прилично е јасно дури и ѕвездите не ја сфатија големината на вниманието која ја привлекоа – вклучувајќи ги папараците или нивните сограѓани кои ги фотографираа за да ги објават на социјалните мрежи“, пишува Си-Ен-Ен.
Според Си-Ен-Ен потребата на ѕвездите да се поврзат со остатокот од светот е многу реална, а социјалните мрежи го скинаа превезот на дистанцата меѓу обичните луѓе и познатите личности.
View this post on Instagram