Во судница се слуша како Крсто Мукоски ја пееше химната на 27 април

by fokus

Првата снимка која беше презентирана во судница на рочиштето за “27 април” е од говор на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на собраниска говорница, пред упадот на насилна толпа. Обвинителката појасни дека снимката е предложена како доказ бидејќи говорот на пратеникот Димовски бил сличен како говорите на обвинатите Борис Дамовски и Богдан Илиевски.

Во еден дел Димовски вели: “Најава на состојба која ќе донесе тешки последици”.

По оваа снимка следуваше втората снимка на која се гледа како пратеникот Крсто Муковски од собраниската говорница ја пее државната химна.

Откако завршува со пеење, Муковски вели: “Треба ли после ова да правиме инциденти”, по што продолжува да скандира “Избори, избори” и “Македонија, Макаденија”.

По ова се пееше песната “Едно име имаме”. Додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пеат, пратениците од СДСМ извикуваат “Шутка не ти бега Никола, Никола”.

Потоа на сцена, односно на собраниска говорница излегува пратеникот Зекири Ибрахими, кој пак ја испеа албанската химна.

В.В.

Поврзани новости