993
Две лица се убиени вчеравечер, половина час пред полноќ во угостителскиот објект „Император“ на влезот од Охрид. Според досегашните информации на нив пукало непознато лице кое во моментов е во бегство. Причините за инцидентот не се познати. Од охридската полиција најавуваат повеќе информации за инцидентот во наредниот час.
Пред десетина дена во охридскиот регион, во Вевчани исто така се случи двојно убиство.