Коце, Ленин кај тебе у подрум да не е?!

by Фокус

Berlin s giant Lenin statue may have been lost  say city authorities   World news   theguardian.comПо две децении откако е изваден берлинскиот споменик на Ленин, властите на овој германски град не знаат каде е огромната, 1,7 метри висока глава од статуата на рускиот револуционер Владимир Илич.

Споменикот го поставиле во 1970 година на плоштадот Ленин во една од берлинските населби, меѓутоа по паѓањето на ѕидот го исекле на 129 парчиња и главата ја закопале во едно гратче на крајнот истокот од Германија.

Кураторите на една изложба што треба да се случи идната пролет во Берлин ја побарале главата за своето шоу, меѓутоа се шокирале кога градските власти ги одбиле со образложение дека не знаат каде е главата на водачот на болшевиците.

Наводно, властите не знаеле точно каде е закопана главата и не им се исплатело да ја разораат целата област само да го најдат остатокот од монументот на некогашна Источна Германија.

Наше е да прашаме, случајно, Ленин да не завршил во некој од подрумите на „Скопје 2014“? Или можеби повеќе информации имаат дечкиве од Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија?!

Поврзани новости