117
Најмалку две лица се убиени попладнево во Тетовско, пренесува тв21.
Според информациите, убиствата се во село Челопек, а едно лице е повредено и итно префрлено во болница каде е хоспитализирано.
Во моментов полицијата е на местото на настанот и го обезбедува.
-Полициски службеници на СВР Тетово во Челопек, го лишија од слобода И.И на шеесетина години ова ова село, постапувајќи по пријава дека околу 14 часот во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничниот се здобил со повреди исто така нанесени од огнено оружје. Се преземаат мерки и за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Пристапот до локацијата е забранет.