540
Водостојот на поголемиот дел од реките во државава е намален двојно во однос на октомврискиот просек, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Само водостојот на Вардар кај Јегуновце и Скопје Железнички мост, како и на Пчиња кај Катлановска бања, е над просечните вредности за овој месец од годината.
Двојно пониски се измерените водостоите на Вардар кај Велес, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани, а значително намалување има и Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Штип.