Двојазична поштенска марка со Скендербег, законот за јазици почна да се применува

by fokus

И покрај тоа што Законот за употреба на јазици не е стапен во сила, денеска во Собранието беше промовирана поштенската марка со ликот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, со натпис на македонски и на албански јазик.

На двојазичната поштенска марка пишува дека е издадена по повод 550 години од смртта на познатиот средновековен војсководец.

Законот за употреба на јазиците предвидува двојазичност и на поштенските марки, но се уште не е влезен во употреба. Се очекува одлука од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да го потпише Указот, или да стави вето на законот. Во зависност од тоа примената на законот може да се одложи додека Собранието повторно не го донесе.

Поштенската марка е објавена на сајтот на Македонски пошти каде што стои дека е издадена со номинална вредност од 18 денари и тираж од 6000 примероци. Ликовното решение е на Лариса Живковска Донев

 

Поврзани новости