401
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Н. (25) и М.А. (22), двајцата од с. Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” во врска со „пустошење на шума”.
На 13.12.2017 година, на место викано „Стража Лакавица”, од страна на вработени во ПШСЕ – „Шар“ Гостивар, пријавените биле затекнати при вршење на бесправна сеча на огревни дрва, со моторна пила, при што биле пронајдени 57 исечени огревни дрва и 111 стебла постари од 15 дена. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 305.820 денари, на штета на Јавното претпријатие „Македонски шуми”.