461
Централното претседателство на Движењето за реформи во ДПА на Зијадин Села синоќа одлучи да ги продолжи преговорите со мандатарот Зоран Заев за влез на идната како што велат реформска македонска Влада.
– Највисокиот партиски орган на партијата на Села со едногласна одлука го овластил преговарачиот тим и потесното раководство да ги договори сите детали и модалитети за заедничкото учество во Владата со СДСМ – се наведува во партиското соопштение.