Политичкиот пензионер Груевски, на кој му преостанува само да одговара за сторениот криминал, продолжува со своето бламирање по ТВ екраните, реагираат денеска од Движењето на Турците во Македонија.
-На последниот очаен настап, Груевски причината за поразот на изборите сака да ја префрли врз оџите. Со ваквиот став Груевски се обидува да ја омаловажува интелигенцијата на граѓаните на Р. Македонија. Спремен е да измисли секакви небулози, само да не ја прифати реалноста дека разумните граѓани на последните избори го пратија во темните страни на историјата. Ние сакаме да го потсетиме дека ниту криминалното судство, ниту криминогените оџи и попови нема да можат да го спасат од овој конечен пораз. Во 21. век воопшто не е фенси да си шовинист, напротив тренд е да изградиш култура на заеднички живот. Никој не е обврзан да го сака другиот, но секој треба да го почитува секого. А ваквата позитивна промена веќе почнува да се чувствува во нашата земја. Доаѓа живот за сите, велат од Движењето.