АРСЕНА бара гевгеличани да плаќаат техничка вода

by fokus

Граѓанската иницијатива „АРСЕНА“ денеска поведе граѓанска Петиција за намалување на цената на водата од градскиот водоводен систем во Гевгелија на ниво на техничка вода, со цена од 5 денари за потрошен кубик.

Поводот за ваквите активности на „АРСЕНА“  е неколкугодишното игнорирање на локалните власти и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија да се соочат со проблемот со високата конентрација на отровниот металоид арсен во градскиот водоводен систем и забраната за употреба на водата изречена од државната Агенција за храна и ветеринарство.

-Општинските власти и пред се’ Советот на општина Гевгелија досега не обезбедија мерки за снабдување на гевгеличани со чиста вода за пиење. Иако повеќе од 4 години и 4 месеци е на сила забраната за употреба на водата поради констатирани енормни концентрации на арсен кои се движат од 50 до 130 % над максимално дозволената граница пропишана од СЗО, локалните власти и ЈПКД „Комуналец“ не се ниту обидоа граѓаните да ги известат дека водата смеат да ја користат само како техничка вода. Од тие причини, а и според Законот за заштита на потрошувачи, корисниците на вода од градскиот водоводен систем се должни да го плаќаат тоа што го добиваат – техничка вода за одржување на хигиената, а не и отровниот арсен за кој надлежните не најдоа, ниту воведоа решение за елиминација на арсенот од водоводната мрежа, изјавуваат од АРСЕНА.

Поврзани новости