Две дечиња на возраст од две и четири години се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера на полноќ во Прилеп. Според билтенот на полицијата сообраќајката се случила откако 35-годишен прилепчанец, кој ги превезувал, удрил во дрво.
„На 30 април 2019 година околу 00:40 часот на улица „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, Н.Б.(35) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле две деца – сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп“, соопштија од полицијата.