Шекеринска: Не сум главен кадровник во СДСМ

by fokus

Министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, ги демантира шпекулациите кои ја следат, дека е највлијателна фогура во СДСМ кога се работи за кадровските прашања. Во интервју за 1тв Шекеринска вели кадровската политика и е најодбивнит дел од нејзината работа.

-Ме прашуваат зошто тоа не сум го демантирала. Во претходната влада бев член на кадровска комисија, ми беше разбирливо кога луѓето по автоматизам мислат дека тоа е лична одлука. Не е така, сега не сум ни член на таа комисија, но маубетот си врви. Кога луѓето сакаат да пуштат лага најтешко е да ја демантираш лагата, дополнително ги охрабруваш дека тоа те боли и уште повеќе ќе го повторуваат. Јас пред себе сум чиста и јасна. Кадровската политика најмалку ја сакам, ни ја одзема енергијата која можеме да ја искористиме за поважните работи – вели Шекеринска.

Таа додава интригите се редовна појава во партијата, но дека не им дава значење.

-Луѓето во Македонија, а во СДСМ особено, се навикнати ако немаат што да понудат со работа и резултати, да компензираат со интриги. Во 2014 кога го избраа Заев за претседател, а мене заменик, од тој момент почнаа интригите. Добив инфо дека мој колега ме спомнал и рекол „тоа е едно од кадровските решенија на Радмила во културата“, му се јавив и го прашав кое е моето решение во културата, зошто јас не можам да се сетам. На што тој ми се извини – рече Шекеринска низ смеа.

Таа вели дека е свесна за сликата што ја остава во јавноста дека на прв поглед делува строго и арогантно.

-Ако сте 20 години во професија која се поврзува со расипништво, корупција, криминал, и ако единствена реална дамка која можат да ви ја препишат е дека сте строг или арогантен, тоа значи сте ги избегнале најголемите замки. Најголемите критики од поранешната влада беа затоа што не можеа да ми најдат едно хартивче или проект, иако се потрудија. Кога не успеаја сфатија дека е полесно да ја опишуваат личности, без ниту еден аргумент – вели министерката за одбрана.

Таа зборува и за најтешките моменти во нејзината кариера. Во овој дел го издвојува периодот кога како пратеник од собраниската говорница поставила прашање за бизнисите на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

-Кога сфатив дека друг може да плати цената ја имав дилемата дали беше исправно. Не сакам да ми е криво за моите избори, но тоа ми беа тешки моменти. Јас сум ја избрала, а не мојот сопруг, мојата професија. Имаше моменти прв пат во мојата кариера кога го изгубив сонот и бев свесна дека сето е конструкција, се користат дозволени и недозволени инструменти, дека се фабрикува цел случај. Знаев дека нема да се осудат мене да ме носат во затвор, но знаев дека може да се осудат него да го носат и на тој начи да ме казнат затоа што поставив прашање за кое сите шушкаа, но никој не можеше да го постави – раскажува таа.

Поврзани новости