439
Двегодишно дете ноќеска паднало од тераса на четврти кат во Скопје, по што било пренесено на Клиника. Детето има тешки повреди.
-На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало. На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди, известија од МВР.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.