Повредени три лица во вчерашниот пожар во хотел во Неготино

by fokus

Три лица се повредени и задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом Неготино, во вчерашниот пожар кој настанал во хотел во градот, информираат од СВР Веелес.

Со повреди се здобил С.Т. (41), како и двајца пожарникари.

Избувнувањето на пожарот на хотел на улицата Маршал Тито било пријавено во Полициската станица Неготино вчера во 18.40 часот.
Екипи на Територијалните противпожарни единици на Неготино и Кавадарци успеале да го изгаснат, а екипа од ОВР Неготино извршила увид.

В.К.

Поврзани новости