Две воспитувачки од градинка во Чаир позитивни на ковид

by Фокус

Позитивни на корона вирусот се уште две воспитувачки во детската градинка Петар Пан во општина Чаир, а 4 деца се во самоизолација. Како што објави ТВ 24, уште една воспитувачка самата побарала да биде во самоизолација, бидејќи била во контакт со заболените.

-Во моментов во нашата градинка се згрижени вкупно 47 деца, а кадарот се состои од 6 негувателки и 8 воспитувачки. Бидејќи двете воспитувачки се потврди дека се позитивни на коронавирусот, уште една нивна колешка самоиницијативно побара да биде во самоизолација, бидејќи имала контакт со нив. Засега градинката продолжува нормално да работи со почитување на сите протоколи“, изјавиле од градинката за телевизијата.

Во кумановската градинка Развигорче, пак, вкупно осум деца од две јаслени групи и шест негувателки од објектот се во изолација, откако една негувателка била позитивна на коронавирусот.

Поврзани новости