537
„Фајзер“ и „БиоНТек“, чии вакцини се употребуваат за имунизација на Американците против Ковид-19, ги поднесоа прелиминарните резултати до Агенцијата за храна и лекови (ФДА) за испитување на вакцината врз деца од пет до 11 годишна возраст.
Фармацевтите укажуваат дека испитувањето, во кое учествувале 2.268 волонтери од таа возрасна група, покажало „позитивни резултати“.
-Вакцината демонстрира позитивен безбедносен профил и предизвикува силен неутрализирачки одговор со антитела во режим од две дози, се вели во извештајот до ФДА.