Девет нови случаи на корона вирус се регистрирани денес во Тиквешијата, од кои 6 во Кавадарци и три во Неготино. Од нив само тројца навеле дека имале контакт со веќе позитивно лице, останатите не знаеле како се инфицирале.
Се работи за пациенти на возраст од 30 до 58 години, кои имаат симптоми.
-Во Неготино позитивни се една жена и двајца мажи, додека во Кавадарци станува збор за две жени и четворица мажи. Се утврдуваат нивните контакти – велат од Центар за јавно здавје Кавадарци.
Криењето на контакти останува практика кога се позитивните случаи во прашање. Од досега регистрираните во Тиквешијата, и во минатото речиси сите, односно околу две третини од позитивните, тврдеа не знаат како се заразиле
Две третини од новите случаи во Тиквешијата не знаат од каде се заразиле.
Вики Клинчарова