Бремените и хронично болните лица да не одат на работа, а вработените да бидат ослободени за да ги чуваат своите деца до 10-годишна возраст.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче со цел да се избегнат несакани последици.
„Ќе се прекине образовниот процес во целата земја во наредните 14 дена. Да се ослободат вработените во овие инситуции. За еден родител со дете до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство кое ќе биде платено. Се прекинува процесот во високото образование. Се препорачува да се откажат и настаните. Препорачуваме возрасни со хронични болести да не патуваат и да избегнуваат користење на автобус. Физичките лица кои ќе ги прекршат мерките, ќе бидат казнети. Се забранува превоз со комбе од и кон Северна Македонија. Бремените и хронично болните лица да не одат на работа“, истакна Филипче.