Најмалку осум лица загинаа кога две руски ракети синоќа погодија зграда во Покровск, во источна Украина, соопштија украинските власти.
Во таа област, руската армија тврди дека напредува во последните денови.
Во нападот загинаа пет цивили, а 14 се ранети, напиша преку Телеграм шефот на воената управа на Доњецк, Павло Кириленко. Тој додаде дека според нивните сознанија загинале двајца вработени во државната спасувачка служба и еден војник, а ранети се девет полицајци, еден службеник во локалната управа и еден војник.
Aгенцијата Франс прес јави дека во Покровск спасувачите работат околу тешко оштетената петкатна зграда, ги евакуираа повредените од урнатините и ги спуштаа жителите заглавени во становите користејќи големи скали.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Русија удрила во станбена зграда и дека за жал има жртви.
Зеленски објави видео на кое се гледа како луѓето излегуваат од урнатините на петкатната зграда, која во ударот го загуби последниот кат.
Покровск пред војната имал 60.000 жители.