Две осомничени се спасија од притвор, за Јанакиески се уште е неизвесно

by fokus

Две од десетмината осомничени, кои утринава беа уапсени по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, се спасија од притвор и добија мерки на претпазливост, дознава неофицијално „Фокус“.

Според извори на „Фокус“, Обвинителството иако бараше притвор, сепак за две осомничени го повлекло барањето.

Се уште нема информација дали судија на претходна постапка ќе му одреди притвор на екс министерот Миле Јанакиески и на останатите осомничени.

Како што денеска објасни обвинителката Ивана Трајчева, станува збор за склучување на договори за отуѓување на земјиште во сопственост на државата.

Поконретно за четири локации со намена за изградба на хотелски комплекси. Една од локациите е позната како Шпански скали. На десетимина им се става на товар злоупотреба на службената положба, додека на еден несовесно вршење во службата. Трајчева објасни дека договорите предвидувале обврски спрема изведувачот кои не биле испочитувани.

Поради тоа требало да бидат раскинати, но тоа не било сторено со што била предизвикана штета на државата. Обвинителството бара и замрзнување на имотот на осомничените за надомест на предизвиканата штета во висина од 2,6 милиони евра.

-Предложено е и да не се отуѓуваат земјиштата кои се предмет на оваа постапка како и имотот за кој сметаме дека е неосновано постигнат од страна на осомничените – рече Трајчева.

В.В.

Поврзани новости