Две непознати лица измамиле гевгеличанец за 8.000 евра

by fokus

Гевгеличанецот Н.В.(72) вчера во 13.25 часот во Полициската станица Гевгелија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати лица го измамиле и му одзеле 8.000 евра.

Како што соопшти МВР, двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле,  имале проблем со реализација на чек во банка, а им требале како гаранција за да може едниот од нив да оди на операција во Струмица. Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе. Откако им ги дал парите, заминале и не се вратиле.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости