Две лица застрелани од другарот додека ловеле диви свињи

by fokus

Во средата, во 17 часот биле донесени две лица со повреди од огнено оружје и било констатирано дека ги застрелал нивниот другар.

„На 20.11.2019 околу 17.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје биле донесени две лица. По преземени мерки утврдено е дека станува збор за лицата Н.М.(32) од с.Морани, скопско, и Н.Ф.(44) од с.Дејковец, општина Зелениково. Двајцата повредени, во разговор со полициски службеници, изјавиле дека биле повредени со ловна пушка, од нивниот другар Т.Ш.(34) од с.Студеничани, скопско, околу 15.00 часот во близина на с.Дејковец, додека ловеле диви свињи. Со Т.Ш. бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани новости