Најмалку две лица загинаа во нападот врз Исмаилискиот центар во Лисабон, соопшти португалската полиција, без да даде дополнителни детали.
Си-Ен-Ен Португалија објави дека наводниот напаѓач, за кој се претпоставува дека е авганистански државјанин, и кој имал во себе голем нож, бил застрелан и подоцна приведен.
Португалската полиција веднаш не ја потврди националноста на осомничениот напаѓач.
Премиерот Антонио Коста рече дека сè укажува на тоа дека станува збор за „изолиран чин“, додавајќи дека е „прерано“ да се даде какво било толкување на злосторството, пренесува Ројтерс.
Two people have been killed at the Ismaili Center in Lisbon, Portuguese police confirms to Reuters. Heavy police presence outside. pic.twitter.com/PM9aJKQjcU
— Catarina Demony (@CatarinaDemony) March 28, 2023