Две лица уапсени во Битола: Присилувале малолетници да продаваат разни предмети

by fokus

Полициски службеници од Битола вчера уапсиле две лица, поради тоа што присилувале малолетници да продаваат разни предмети во центарот на Битола.

„На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола. По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштува МВР.

Поврзани новости