Две лица уапсени поради закaна на Изет Меџити

by fokus

Две лица утринава се приведени, поради закани на потпретседателот на ДУИ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити.

Од Министерството за внатрешни работи влета дека станува збор за лицата В.П. (38) и Б.Р. (27) од Скопје, додавајќи дека постои основан сомнеж дека во понеделникот сториле кривично дело загрозување на сигурноста.

Дел од медиумите деновиве објавија дека Меџити во понеделникот околу пладне избегнал блиска средба со група од 20-тина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир. Тие  како “поздрав” од посетата а градоначалникот му оставиле куршум.

Нема информации за идентитетот на припадниците на групата, ниту пак со која цел упаднале во Општина Чаир.

Поврзани новости