624
Две лица се повредени во експлозија во градот Киреевск, во руската област Тула која е оддалечена 150 километри од Москва, што е предизвикана од дрон за кој се верува дека е украински.
Регионалниот комитет за безбедност наведе дека три станбени објекти се делумно оштетени, пренесува РИА Новости.
Леталото, според првичните неофицијални информации, било без ознаки. Станува збор за дрон камиказа од типот Ту-141 „Стриж“ кој бил наполнет со експлозив. Ова е трет сличен инцидент во последниот месец во Русија.