Две лица раниле 31-годишен скопјанец во Ѓорче Петров

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана.

Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило марка „цитроен“.

А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости