439
Две лица се повредени по вчерашниот инцидент кога група непознати лица го напданаа кафулето „Дамар“ вчера околу 22 часот кога во барот се одржувала прослава на македонскиот ЛГБТ-центар.
– На 23.10.2014 година околу 22,00 часот во Скопје во Старата чаршија, поточно во „Дамар“ од страна на неколку непознати лица извршено е насилство, при што со фрлање на камења, биле искршени стаклата на објектот. Во настанот, со телесни повреди се здобиле К.Д.(26) и Е.Л.(18). Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за откривање на сторителите – се вели во соопштението на МВР.