661
Две лица се повикани на разговор во врска со повредениот кавадарчанец со две убодни рани од нож, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
-Доцна синоќа, во 00.10 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улицата „Браќа Џунови” и „7-ми Септември во Кавадарци”, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М. (28) од Кавадарци, рекоа од МВР.