882
Поранешниот вработен во Централен реситар, Емил Јакимовски доби две кривични пријави од МВР.
„На ден 18.01.2020 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, се поднесени две кривични пријави, во брза постапка, против лицето Е.Ј.
Едната кривична пријава е за сторени две кривични дела и тоа “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 2 од КЗ и “Неизвршување на судска одлука” по чл. 377 став 5 од КЗ.
Втората кривична пријава е исто така за сторени две кривични дела “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 4 од КЗ“, соопштија од МВР.