ВМРО-ДПМНЕ почнува кампања „Обновата пред вашиот дом“ и „Мицкоски со граѓаните“

by Fokus

Под слоганите „Обновата пред вашиот дом“ и „Мицкоски со граѓаните“, опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнува со предизборна кампања.

„Од понеделник, 20 јануари почнуваме со кампања ,,Обновата пред вашиот дом”. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од Вас. Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме. Почнувајќи од викендот 25 и 26 јануари, тимови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со посета на рурални средини, нема да има населено место од најмалото до најголемото, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен. Исто така претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“, каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците. Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа“, рече генералниот секретар Игор Јанушев.

Поврзани новости