455
Казна затвор од 2 години и 10 месеци му е досудена на Петре Жежовски, кој беше обвинет за насилството што се случи на 27 април во Собранието. Обвинетиот Жежовски признал вина, а во текот на вчерашниот ден, во Кривичниот суд, му била изречена и пресудата.
Во пресудата пишува дека на 27 април во 18 часот и 30 минути, како Жежовски влегол во собранието, извршил насилство врз повеќе граѓани, грубо навредувал и ја загрозил сигурноста на присутните. Осудениот Жежовски физички нападнал полициски службеник, го фатил со двете раце за вратот.
Потоа во прес салата физички го нападнал и Сашо Тасевски, обезбедувачот на Оливер Спасовски.