Реџепи: Власта преку судството сака да и наштети на албанската опозиција

by Фокус

Сè додека имаме власт која ја зема правдата во свои раце со цел потиснување на албанската опизиција далеку сме од членство во Европската Унија, обвини Кастриот Реџепи од таборот на БЕСА на чело со Биљал Касами, апелирајќи власта да се откаже од политичките влијанија во судството, каде двете крила на БЕСА водат правна битка за партискиот печат.

-Со приклучување на едната Беса во власт, не ставија во судски лавиринти и власта намерно го одолговлекува процесот за нас како опозиција да ни се наштети сакајќи целосно нашата енергија да ја пренасочиме кон правната битка – рече Реџепи.

Тој додаде дека примери за судската неефикасност и за контролирано судство се случајот Алфа, каде невини лица се во затвор иако има доказ дека не се сторители, случајот за Алмир, каде противправно се преквалификуваше делото, но и случајот со нападот врз пратениците од 27 април минатата година, каде обвинението за едно лице за напад врз пратеник од обид за убиство е сменето во учество во толпа.

 

Поврзани новости