Две експлозии во хемиски објект во Тексас, наредена евакуација на 60.000 луѓе

by Fokus

Поради две експлозии што се случија во хемиски објект во Тексас, ќе бидат евакуирани 60.000 луѓе. Првата се случила во средата утрото и предизвикала кршење прозорци и врати во блиските домови. Повредени се тројца работници во фабриката.

Експлозијата се почувствувала на далечина од 48 километри, а небото било прекриено со густ токсичен чад.

„Целата куќа се тресеше. Како да се случи помал земјотрес“, рекла една жена.

Уште една силна експлозија се случила попладнето принудувајќи ги официјалните лица да наредат евакуација.

Во текот на денот се случиле уште неколку други мали експлозии.

„Благодарни сме што никој не загина“, рекол судијата на округот, Џеферсон Џеф Браник.

Во моментот на експлозијата во фабриката имало 27 работници.

Поврзани новости