Тешко повредено дете во сообраќајка во Скопје

by Fokus

Дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје, по што веднаш му била укажана медицинска помош.

„На 27.11.2019 во 10.30 часот било пријавено дека на сервисна улица од бул.„Јане Сандански“ патничко моторно возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки управувано од М.М.(30) од Скопје удрило во дете, кое се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости