Двајцата сопружници од Дебар за кои беше утврдено дека имаат коронавирус се во добра општа состојба и вечерва ќе бидат пренесени на Инфективната клиника во Скопје, соопшти вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.
-За прв пат со симптоми се јавиле во понеделникот, по што матичниот лекар не препознал симптоми на коронавирус. Денеска тие се јавиле на Инфектологија и по тестирањето било утврдено дека се носители. За време на престојот дома, двајцата пациенти имале контакт само со братот на жената. Сега се прави интервју за да се провери дали само тој, или и членовите на неговите семесјтвото треба да се стават во карантин.
40тина луѓе биле во автобусот со кои стигнале во Македонија. Најголем ризик има за тие што седеле три реда пред и зад заразените. Од вечерва и во текот на утрешниот ден, сите патници на автобусот ќе бидат интервјуирани и согласно нивната состојба, а потоа и ќе се прават интервјуа и со сите лица со кои тие биле во контакт. Морам да потенцирам дека многу е мал ризикот на второлиниско заразување, рече Филипче.