Светските и руските медиуми ги анализираат пораките испратени од рускиот претседател Владимир Путин на седницата на Советот за човекови права одржана во средата.
Путин зборуваше за специјалната воена операција, нуклеарната закана и општата ситуација околу Украина.
Западните агенции повикувајќи се на руските медиуми ги обавија 12 те главни пораки на рускиот претседател.
1. Разговорите за дополнителна мобилизација немаат смисла – нема потреба од тоа денес.
2.Мобилизирани се 350.000 луѓе, од кои половината се во зоната за специјални операции. Од тие 150.000 луѓе, 77.000 се во борбени единици, додека останатите се на втората и третата линија и ја извршуваат функцијата на територијална одбрана или се на дополнителна обука во оперативната зона. Останатите 150.000 воопшто не се во единици. Тие се уште се на полигоните и центрите за обука.
3. Специјалната воена операција е долгорочен процес, но новите територии се значаен резултат за Русија. Азовското Море стана внатрешно море на Русија. Петар Велики сè уште се борел за Руската империја да добие пристап до тоа море. Но, најважно е дека луѓето што живеат таму сега се со нас. Тоа е најважниот резултат.
4. Треба да се размислува за формирање на специјално тело кое ќе ги евидентира и истражува злосторствата на украинската армија, особено нападите врз станбените области.
5. Нема масовно напуштање на позициите во зоната за специјални операции. Русија нема кампови, зони и слично – сето тоа се глупости, лажни вести кои немаат основа.
6. Русија ќе ги штити своите национални интереси со сите расположливи средства.
7. Единствен гарант на територијата на Украина во нејзините сегашни граници би можела да биде Русија, но тоа веќе е работа на новите лидери на Украина.
8. Русија не ја започна војната, туку по државниот удар во Украина во 2014 година, ја започнаа тогашните украински власти.
9. Не би било излишно Украина да ја надомести штетата што ја нанесе на Донбас и другите нови руски територии Рака на срце, опасноста од нуклеарна војна расте.
10. Русија го гледа нуклеарното оружје како средство за заштита, како можност за одмазднички напад. Русија никому не го снабдува своето нуклеарно оружје.
11. Русија нема да мавта со своето нуклеарно оружје како меч низ светот.
12. Свесни сме што е нуклеарно оружје. Нашите нуклеарни сили се понапредни од која било друга земја во светот.