473
Во експлозија на гас во предградие на Отава, главниот град на Канада, повредени се 12 лица, меѓу кои две деца, а две лица со тешки повреди морале да бидат извлечени од урнатините, соопштија официјални претставници.
Во експлозијата што се случи утринава по локално време, целосно се уништени четири куќи во изградба, а оштетени се и околните куќи.
Според официјалните претставници, експлозијата се случила во 6:18 часот, а пожарникарите морале да употребат моторна пила за да пробијат до една од закопаните жртви. Три часа подоцна успеале да спасат уште едно лице „кое било опкружено со огромно количество отпад“.
Пожарникарите соопштија дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас, а полицијата го истражува случајот.