Двајцата анестезиолози биле пијани за време на породувањето?

by Фокус

Се уште нема официјални информации од што починала 32-годишната родилка и нејзиното неродено бебе на Одделението за гинекологија во Гевгелија. Трагедијата се случила во четвртокот, а семејството се сомнева на лекарска грешка, па дури и обвини дека персоналот бил пијан за време на породувањето.

Од Министерството за здравство денеска не беа достапни за одговор што забележала стручната комисија која излезе на терен по трагичниот настан. На судска медицина завршила обдукцијата, но се уште се чекаат резултатите кои треба да ја покажат причината за смртта на родилката и бебето. Се чекаат и резултатите од анализата на крвта на анестезиологот и дежурните гинеколози од кои треба да се утврди дали имало алкохол и други недозволени супстанции.

Според опозициската СДСМ од Гевгелија според чии информации и двајцата дежурни анестезиолози биле под дејство на алкохол.Од СДСМ бараат одговорност за изгубените животи и лошиот здравствен систем.

Поврзани новости