367
Две лица се убиени во белгискиот главен град Брисел. Новинската агенција АФП објави дека наводниот напаѓач се уште е во бегство.
Портпаролката на обвинителството изјави дека е отворена истрага, но не шпекулира за мотивот на напаѓачот.
Според белгискиот весник „Het Laatste Nieuvs“, жртвите се Швеѓани.
Фудбалската репрезентација на Шведска, игра со Белгија во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, иако не е јасно дали жртвите биле во градот за натпреварот.
Напаѓачот, кој користел автоматска пушка, побегнал од местото на злосторството.