1.4K
Ученик, веројатно не знаејќи дека се снима, упатува навредливи зборови кон професорка од скоспкото средно училиште Владо Тасевски, познато како ПТТ, за време на онлајн настава. Друг, пак, го објавил видеото на тик ток мрежата. И двајцата се избркани од школо.
„Денес заседаваше наставничкиот совет и едногласно донесе одлука да ги исклучи двајцата ученици. СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме“, велат од училиштето.
Од Министерството за образование го осудија случај и посочуваат дека постојат одредби во кои се предвидени законски постапувања во случаи на нарушување на угледот на наставниците.