Актерката Јованова од Загреб: Психички се оштетив за цел живот!

by Фокус

Денеска Хрватска беше потресена од силен земјотрес со јачина од 6.3 степени по Рихтер. Многу македонски граѓани живеат во оваа земја, меѓу кои и актерката од серијата Преспав, Јелена Јованова. Таа за возмениреноста раскажа на социјалните мрежи.

„Живи и здрави сме! Психички се оштетив ми се чини за цел живот! Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре! Не можам на сите да пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа“, напиша Јованова на фејсбук.

Инаку, според досегашните информации, нема повредени македонски граѓани во погодените подрачја во Хрватска.

Поврзани новости