440
Вчера попладне, во спортска обложувалница во Скопје, две лица го нарушиле јавниот ред и мир и физички се пресметале, велат од МВР.
„На 11.04.2019 во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во спортска обложувалница на булевар „12-та Македонска Бригада“ со физичка пресметка помеѓу лицата М.Н.(60) и К.Т.(30), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, додаваат од МВР.