Ќе се „кршат копја“ за Гоце Делчев и Илинденското востание меѓу бугарските и македонските експерти

by fokus

Ќе продолжат разговорите меѓу експертските комисии на Македонија и Бугарија за заедничко чествување на Гоце Делчев, откако на претходната средба во Софија не бил постигнат договор.

Бугарските медиуми пишуваат дека на вчерашната средба било дискутирано за учебниците за петто одделение во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонското образование, кои го опфаќаат античкиот период.

Иако експертите наишле на несогласување околу ставовите, сепак до сега е договорено Македонија и Бугарија заедно да ги прославуваат Свети Наум, Цар Самоил и Свети Климент Охридски.

На следната средба освен за средниот век, ќе се дискутира за Гоце Делчев и за Илинденското востание.

Поврзани новости