Две лица, на возраст од 72 и 67 години, иако биле позитивни на ковид-19 и биле на списокот за изолација излегле на гласачко место во детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип, а случајот во СВР Штип го пријавил член на Избирачкиот одбор.
Како што објави МИА, и двајцата биле на списокот за изолација од вчера. За случајот е известен и јавен обвинител по чија насока по комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева вели дека процесот на гласање на гласачкото место не е прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција.
Инаку, до 13 часот излезноста во Штип била 16,61 отсто, односно гласале 6.938 граѓани на 77 избирачки места.
На гласањето во Пласница до 13 часот одѕивот е 22,35 отсто, односно гласале 1.107 избирачи.
ДИК информира дека до овој момент не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.