Двајца рудари добиле лекарска помош, откако заработиле повреди при ископ во рудникот Тораница, кога се одронил материјал-руда, пренесуваат од МВР.
„На 25.10.2018 година околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот Тораница. В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка. Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда. Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.“